За нас

internisti_mk_potemen-fontЗдружение на Интернисти на Република Македонија (Интернисти на МК) е формирано во 2011 година. Неговата мисија и визија е јасна и недвосмислена, во насока на здружување на сите специјалисти интернисти од РМ заради меѓусебна соработка, стручна медицинска надградба, соработка со други здруженија од Македонија и надвор од државата, како и застапување на заедничките интереси за унапредување на условите и можностите во секојдневната клиничка пракса.

Организирањето на стручни настани и реализација на истите со врвни и еминентни предавачи е главниот императив во остварување на целта: клинички применети насоки преку високо стручно организирани медицински едукации. Реализирањето на оваа цел несомнено ќе доведе до висок квалитет и стручност на интернистите од РМ што последователно ќе ја подобри превенцијата, дијагностиката и лекувањето на пациентите. Посветени на ваквата мисија и нејзиното претставување преку стручната публикација “Интернисти“, остануваме доследни и сериозни во посветеноста на оваа долгорочна мисија која ќе ја отвори иднината за сите идни интернистички гененерации.