Од лево кон десно: Драган Ловиќ-секретар на Српското Здружение по интерна медицина, Олга Боева-координатор на групата “choosing wisely” при Руското Здружение на Интернисти, Александар Манолев-Претседател на Зружението на Интернисти на Македонија, Валентин Кокорин – Секретар на Руското Здружение на Интернисти и воедно Благајник на Европската Федерација по Интерна медицина.

Изминатиот викенд во Златибор, од 30-ти мај до 3-ти јуни, беше оддржан 18-тиот Конгрес на Здружението на интернисти на Србија. Во рамките на програмата беше оддржана заедничка сесија на Здружението на интернисти на Србија, Здружението на интернисти на Македонија и Руското здружение на интернисти. Сесијата беше една од мотивациите која произлезе на состанокот во Брисел кој беше оддржан во март оваа година, во рамките на 4-тиот ЕФИМ ден, а беше иницирана од секретарот на Здружението на интернисти на Србија – Драган Ловиќ.

На свеченото отварање беа доделени плакети и благодарници на заслужни членови на Здружението на интернисти на Србија.

Беше искажана благодарност од страна на претседателот на Здружението на интернисти на Србија, д-р Бранко Ловиќ за учеството на претставниците на Македонското и Руското здружение на интернисти, со желба за понатамошна соработка и беа доделени плакети на претставниците на двете здруженија за укажаната соработка и поддршка.Беше задоволство да се присуствува на Конгресот кој беше одлично организиран и да се мотивираат понатамошни средби во Македонија, Русија и состаноци во рамките на Европската федерација по интерна медицина.

Поврзани написи...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *