Работилница Хеликобактер

helicobacter

Хеликобактер-инфекцијата претставува честа причина за широк спектар на симптоми. Колонизацијата со хеликобактер пилори и присуството на симптоми од страна на горнодигестивниот тракт од друга страна претставуваат многу честа појава на нерационално користење на антибиотиците и појава на резистенција спрема истите. Присуството на х-пилори кај помладата популација со уредно докажана инфекција и со присутни горнодигестивни тегоби, претставува посебен здравствен проблем.

Достапноста на лабораториските анализи за испитување на антигените од х. пилори-инфекцијата (преку серум и фецес) ја зголемуваат инциденцата на инфекцијата. Податоците добиени со различни дијагностички методи (биопсија при горнодигестивна ендоскопија, квалитативно и квантитативно докажување на титар на ИГ М и Иг Г во серум, докажување на присутво на антиген преку фецес) и различното толкување од страна на докторите, претставува тема за дискусија со цел да се постигне унифицирање во спроведувањето на препораките за ерадикација на х. пилори-инфекцијата.

Ваквиот предизвик наметна оваа тема да биде планирана како стручна активност во 2013 година, замислена како концепт од 4 работилници кои се одржаа низ целата држава во периодот меѓу март и октомври 2013 година.

Работилниците ја опфатија проблематиката за инфекцијата со хеликобактер пилори, каде главен модератор беше асс. д-р Ѓорѓи Деребан од Клиниката за гастроентероехатологија. Во истиот овој концепт беа вклучени и колегите интернисти од регионите кои работат токму на оваа проблематика, вклучувајќи ја горнодигестивната ендоскопија како метод за потврда на горнодигестивната симптоматологија.

Првата работилница се одржа во Скопје, каде како комодератор од ГОБ 8-ми Септември беше поканет д-р Зоран Стојановски. Работилницата за колегите од Источна Македонија се одржа во Градско, каде како комодератор на работилница беше поканет д-р Ацо Николов од ПЗУ “Прим. д-р Ацо Николов” од Штип. За колегите од Тетовско-Гостиварскиот регион работилницата се одржа во Тетово, каде како комодератор беше поканет д-р Фадиљ Сулејмани. Последната работилница се одржа вo Охрид, каде како комодератор беше поканет д-р Ацо Размоски.

Најголема заинтересираност кај колегите имаше за изборот на трипла терапија според најновите препораки, за терапија и терапевтскиот пристап кај рецидивни инфекции со хеликобактер пилори, патогенезата и начинот на развој на улкусната ниша преку инфекцијата со хеликобактер пилори, раната колонизација со х. пилори и најчестиот начин на трансмисија на инфекцијата.

Дискусиите кои се одвиваа после предавањата се тесно поврзани со искуството и најновите препораки во терапијата на хеликобактер-инфекцијата спрема Мааstricht IV.

Поврзани написи...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *