Прва интернистичка тиролошка школа

  • prva-tiroloska-skola_700
  • prva-tiroloska-skola_720_2
  • prva-tiroloska-skola_720_3
  • prva-tiroloska-skola_720_4

“Интернист Тиреолог“ – реалност во Македонската тиреологија

Во ноември 2014 година во рамките на стручните активности на здружението беше реализирана Првата интернистичка тиролошка школа. Причината и одлуката за ваквата реализација е повеќе причинска.

Во РМ веќе повеќе од една деценија интернистите се повеќе се насочуваат во дијагностиката и третманот на тироидната патологија, најмногу поради зголемената инциденца на овие патолошки состојби кои диференцијално дијагностички се преклопуваат со најчестите кардио-метаболни состојби во клиничката слика. Достапноста на УЗ и поедини лабораториски параметри се повеќе ја олеснуваат дијагностиката, но се чини недоволно ако се земе во предвид фактот дека најголем дел од дијагнозите се недоволно потврдени во нивната етиологија (пример се хипотиреозите кои многу често се третираат без потврда дали нивната етиологија е автоимуна или се во склоп на струма или хипертиреозите кои се третираат таблетарно со години без потврдени лабораториски параметри во одсуство т.е намалена примена на радиојод терапија). Ако на ова се надоврзат намалената употреба на сцинтиграфијата и тенкоиглената биопсија, за сметка на спората и системски забавена тријажа и прифаќање од страна Институтот за Нуклеарна медицина и недоволната упатеност на интернистите во севкупниот тиреолошки пристап тогаш и одлуката за реализација на ваквата школа е повеќе од очигледна и оправдана.

Добрата јодна профилакса која е спроведена од проф.д-р. Борислав Каранфилски е повеќе од клучен фактор за понатамошно подигање на Македонската тиреологија ако се земем предвид фактот дека многу Европски држави сеуште се борат со постигнување на задоволителна јодна профилакса.

Долгогодишната соработка на дел од претседателството на Здружението на интернисти на РМ со Клиниката за Нуклеарна медицина од Љубљана и Словенечкото здружение за нуклеарна медицина доведе до реализација т.е пренесување на Словенечката тиреолошка школа која има традиција повеќе од 13 години и чија основна цел е подигање на стручноста во полето на тиреологијата. Ваквата школа беше надополнета со наши еминентни предавачи од Клиниката за ендокринологија, Институтот за нуклерана медицина од Скопје и Специјалистичка лабораторија Авицена со цел иницирање на Македонски тиреолошки концензус кој понатаму би го дефинирал профилот на Македонскиот тиреолог.

На првата интернистичка школа по тирологија како за прв пат учество како предавачи во Република Македонија зедоа Доц.Др. Марко Грмек, Доц Др. Симона Гаршчек Од Клиниката за нуклеарна медицина – Љубљана, Словенија. Доц Др. Марко Грмек, со својата презентација на кратко ја претстави ПЕТ (positron emission tomography) како метода за дијагностика на заболувањата на тироидна жлезда. Во РМакедонија поради недостапноста на оваа метода немавме презентација од наши сознанија и наши резултати со оваа дијагностичка метода. Доц Грмек ги потенцираше улогата и местото на ПЕТ како дијагностичка метода за stage-инг при малигни заболување на тироидната жлезда и re-stage -инг при ефикасност од терапијата.

Доц Др Симона Грабешек имаше своја презентација за употребата на радиојодот при терапија на дисфункционална тироидна жлезда и струма и субакутен тироидитис и нивен третман.

Посебна чест ни претставува што на ова втора средба во организација на Здружението на интернисти на РМ од областа од тирологијата како предавачи зедоа учество и еминентни професори од Словенија, кои беа гости/предавачи и на Првиот интернистички симпозиум во 2013год.

Доц. Катја Залател, даде посебен осврт на автоимуните заболувања на тироидна жлезда со две свои презентации во теоретскиот дел и тоа на тема Grawes Basedow-овата болест и тироидната орбитопатија и Hashimoto- тироидитис со посебен акцент на постпарталниот тироидитис.

Доц Др. Едвард Пирнат во првиот ден од теоретската сесија имаше свое излагање за препознавање на заболувањата на тироидна жлезда и секако употребата на радиојодот во нивната секојдневна пракса.

Посебна чест е што првата сесија на Првата Интернистичка тиролошка школа ја имаше Проф. Др Сергеј Хојкер, претседател на Словенското нуклеарно-медицинско здружение. Професорот Хојкер ја отвори оваа школа со свое излагање за рационален пристап при преглед на пациент со тиролошка симптоматологија. Во вториот ден од теоретската сесија имаше своја презентација за карциом на тироидната жлезда со посебен акцент на папиларниот и фоликуларен карцином.

Поради многуројните позитивни импресии од присутните колеги на тиролошката школа се решивме за интервју со Доц. Др. К. Залател и Доц. Др Е. Пирнат, со цел да ни дадат свое мислење и нивен став за одржаната Школа.

Поврзани написи...