Прва васкуларна средба со меѓународно учество

vaskularen_poster_02

Здружението на Интернисти на РМ со големо задоволство и чест Ве поканува на
“Прва васкуларна средба со меѓународно учество“. Состанокот ќе се одржи од 16-17 Октомври 2015 г. во Охрид, хотел Гранит.

Состанокот е акредитирана од ЛКМ (дополнителни информации за бодовите во текот на наредната недела).

Комплетната програма со предавачите ќе биде објавенна во наредните 2 недели.

ПРИЈАВУВАЊЕ И КОТИЗАЦИЈА

Рано пријавување до 30. 09. 2015

Котизација за членови на Интернистичко Здружение – 4. 200, 00 денари

Котизација за надворешни членови – 5.500,00 ден.

Пријавување од 01. 10. 2015- 05. 10. 2015 г

Котизација за членови на Интернистичко Здружение – 6.000, 00 денари

Котизација за надворешни членови – 7.300,00 ден.

Доцно пријавување од 06. 10. 2015 до 16. 10. 2015 (вклучително и на лице место).

– 8.000, 00 денари за сите учесници.

СМЕСТУВАЊЕ

Хотел Гранит

Ноќевање со појадок во еднокреветна соба – 36 еу
Ноќевање со појадок во двокреветна соба – 26 еу

ПРЕВОЗ СКОПЈЕ-ОХРИД-СКОПЈЕ

За сите заинтересирани колеги кои имаат потреба за превоз од Скопје до Охрид и назад, при пријавувањето на маил да нотираат дека имаат потреба од превоз. Здружението ќе објави дополнителни информации зависно од бројот на пријавени колеги.

НАПОМЕНА: ОРГАНИЗАТОРОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ГО ПРЕКИНЕ ПРИЈАВУВАЊЕТО НА УЧЕСНИЦИ ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕГОЛЕМ ИНТЕРЕС. ЗА ПРИЈАВЕНИ УЧЕСНИЦИ СЕ СМЕТААТ УЧЕСНИЦИ СО УПЛАТЕНА КОТИЗАЦИЈА НА ЖИРО СМЕТКА И ПРИЈАВА НА МАИЛ.

1. Задолжително пријавување на маил: internistimk@gmail.com

2. Уплата на жиро сметка
жиро сметка: 300000003352744;
Депонент: Комерцијална банка
До: Здружение на интернисти на МК
Назнака: ЗА ПРВА ВАСКУЛАРНА СРЕДБА,
Име и Презиме на лекар;
Износ: ден

Теми на состанокот:

– Влијанието на ризик факторите во иницијација на артериосклероза (акцент на артериска хипертензија)

– ДМ и Обезитас како ризик фактор во настанување на ПАБ

–  Улога на статините во регулација на хиперлипидемиите и регресија на атероматозните промени- Симпозиум

 – Дуплекс сонографијата од аспект на интернист- минимум средства за брза дијгноза и правилен третман.

– Основи на дуплекс сонографска лабораторија – со добра оптимизација до правилна проценка (примена, предности, недостатоци)

– Васкуларен Ултразвук – основен приказ низ сите системи

– Доплерски преглед на каротидни и вертебрални артерии

– Доплерски преглед на ренални артерии и бубрези

– Улога на дуплекс сонографија во откривање на стенози на висцерални крвни садови (мезентеријална ангина)

– Доплерски преглед на артерии и вени на долни екстремитети

– Интервентни васкуларни процедури кај венска инсуфициенција

– Третман на ВТЕ – Симпозиум

– КТ ангиографијата како златен стандард во проценка и квантификација на стенози.

– Интервентни васкупарни процедури во третман на стенози- Стентирање,

– Интервентни васкупарни процедури во третман на венска инсуфициенција и варикозитети

НАУЧЕН ОДБОР:

  • Арсовска А. (МК)
  • Бакрачески. Н. (МК)
  • Богоев М. (МК)
  • Бушлетиќ О. (МК)
  • Иванац Г. (ХР)
  • Манолев А. (МК)
  • Мешковска С. (МК)
  • Сјекавица И. (ХР)
  • Стојанов Д. (СРБ)
  • Шуперлиски К. (МК)

Пријавување на: internistimk@gmail.com

Целосна програма

Повеќе инфо на:  https://www.facebook.com/pages/Internisti-na-MK/226902360718297

Поврзани написи...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *