Од метаболни нарушувања до кардиоваскуларни компликации

Почитувани колеги,

 

Здружението на интернисти на Р.М во соработка со Berlin Chemie/Menarini организира Симпозиум на тема: “Од метаболни нарушувања до кардиоваскуларни компликации“. Симпозиумот ќе се одржи на 28 и 29 Септември 2018 год, во Скопје, Хотел Александар Палас.

Состанокот  е акредитиран од ЛКМ.

Пријавување за настанот-задолжително за сите членови на здружението.

Сите заинтересирани колеги треба да го пријават своето учество на мејлот на здружението internistimk@gmail.com.

За членовите на Здружението на интернисти на МК со платена чланарина за 2018 година до 1-во март (према статутот на здружението) учеството на состанокот е бесплатен.

За сите надворешни колеги  предвидена е котизација од 4000 ден, која треба да се уплати на жиро сметката на Здружението. Во цената се вклучени коктел за добредојде, свечен ручек, кафе паузи, стручна литература, акредитација од ЛКМ.

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНТЕРНИСТИ НА МАКЕДОНИЈА

Даночен број: 4038011505335;

Жиро – Сметка: 300-000-003-352-744;

Депонент Банка: Комерцијална Банка А.Д Скопје

 

Цел на дознака: Уплата на котизација за кардиометаболен симпозиум

Во продолжение програма за состанокот.

“Од метаболни нарушувања до кардиоваскуларни компликации“,

Скопје, 28-29.09.2018 

 

П Р О Г Р А М А

 

Прв ден ( 28.09.18, петок )

 

16.00 – 16.50 Регистрација

16.50 – 17.00 Отварање на стручниот настан

 

Сесија 1 –  Инсулинска резистенција, предијабет и дијабет

Модератори: Д-р Ана Палева Стојановска, Д-р Биљана Ивановска Бојаџиев

 

17.00 – 17.20  Корелација на неалкохолен масен црн дроб и дислипидемии кај состојби на предијабетес и дијабетес –Д-р Александар Манолев, спец.интернист, Р. Македонија

17.20 – 17.40  Парадоксот на инсулинската резистенција, состојби на глукозна токсичност –Д-р Ксенија Богоева Костовска, спец.интернист, Р. Македонија

17.40 – 18.00  Метформин во терапија на дијабет – Проф.д-рТатјана Миленковиќ, ендокринолог, Р.Македонија

18.00 – 18.10  Дискусија

18.10 – 18.30  Кафе пауза

 

Сателитски симпозиум – Дијабетичната невропатија во фокусот

Модератори:  Т.Б. Живковиќ, С. Периќ, Т. Миленковиќ

 

18.30 – 18.50  Дијабетична полиневропатија – патогенетски концепт во терапијата – Проф. д-р Теодора Бејлиќ Живковиќ, ендокринолог, Р. Србија

18.50 – 19.10  Невропатија кај пациенти со дијабетес – дали е секогаш причина дијабетот? – Асс.д-р Стојан Периќ, невролог, Р.Србија

19.10 – 19.20  Дискусија

 

Магнет сесија – Сесија за убаво сеќавање, изненадување за секој учесник

 

20.00 Свечена вечера

 

Втор ден ( 29.09.18, сабота )

 08.30 – 09.30 Состанок на членовите на Здружението на Интернисти на Р.М.

Сателитски симпозиум –  Новини во третманот на артериската хипертензија

Модератори: А.Манолев, М.Отљанска

09.30  – 09.50 Новини во третманот на артериската хипертензија –новите ЕСЦ насоки – Проф.д-р Драган Ловиќ, кардиолог, Р.Србија

09.50  – 10.10 Класен ефект на калциум антагонистите – местото на Лерканедипинот во артериската хипертензија – Проф.д-р Магдалена Отљанска, кардиолог, Р. Македонија

10.10 – 10.20 Дискусија

 

Сесија 2 Артериска хипертензија и нејзин третман кај метаболни/васкуларни заболувања

Модератори: Д-р Билјана Ѓорѓиевска, Проф. д-р Драган Ловиќ

10.20  – 10.40 Антихипертензивен пристап кај пациенти со дијабетес мелитус –Д-р Билјана Колева, спец.интернист, Р. Македонија

10.40 – 11.00 Современ антихипертензивен третман кај пациенти со дијабетес и коморбидитети –Д-р Васко Хаџиев, спец.интернист, Р. Македонија (спонзорирано предавање)

11.00 – 11.10 Дискусија

11.10 – 11.30  Кафе пауза

 

Сателтски симпозиум Високо селективните бета блокатори во фокусот

Модератори: Г.Миласиновиќ, В.Хаџиев, С.Николов

11.30 – 11.50 Високо селективни бета блокатори во третманот на срцевата слабост – Небиволол во фокусот – Проф. д-р Горан Миласиновиќ, кардиолог, Р.Србија

11.50 – 12.10  Оптимизација на терапијата со бета блокатори кај коронарна артериска болест –Д-р Сашко Николов, кардиолог, Р.Македонија.

12.10 – 12.20 Дискусија

 

Сесија 3 – Срцевата слабост во фокус на интердисиплинарните терапевтски   дилеми

Модератори: Д-р Митра Богеска Блажевска, Д-р Билјана Петреска Зовиќ

12.20 – 12.40 ХОББ и бета блокатори –Д-р Александра Јоргановиќ Стојкоска, спец.интернист, Р.Македонија

12.40 – 13.00 Интердисциплинарен интернистички пристап во оптимизација на терапија кај хроничната срцева слабост –Д-р Билјана Шишкова, спец.интернист, Р. Македонија.

13.00 – 13.30 Дискусија и заклучок

13.30  Ручек

Поврзани написи...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *