Ехокардиографија

ehokardiografija

Во периодот од 21-23 февруари 2014 година на Скопски Саем се одржа првата планирана активност за 2014 година: Kурс по базична ехокардиографија. Кусот се одржа во организација на Здружението на интернисти на Р. Македонија во соработка со Работна група за ехокардиографија при Македонското здружение по кардиологија со соодветна акредитација од страна на Лекарската Комора на Македонија: 19,5 бодови за предавач и 12,5 бодови за слушател. Курсот го посетија 96 учесници, најголемииот дел интернисти кои работат ехокардиографија или колеги кои планираат да се занимаваат со ехокардиографија.

Курсот беше предвиден во два дела, теоретски и практичен. За теоретскиот дел беа одговорни прадавачите од Клиниката за кардиологија: Проф. Др Елизабета Србиновска-Костова, Проф. Др. Љубица Ѓеоргиевска –Исмаил, Научен советник Др. Луиза Груева, Асс. Др Емилија Антова др.сци, Асс. Др Валентина Антова.

Во првиот ден од теоретските сесии беа прикажани најчесто користените ултразвучни прозори за добивање на ехокардиографска слика. Во наредните сесии беа обработени валвуларните мани, како едноставни или комбинирани и останати патологии во кои ехокардиографијата има значајна дијагностичка улога. Сите предавања беа поткрепени со последните препораки од Европското здружение за кардиологија и Американското здружение по кардиологија. European Society of cardiology/American Society of cardiology.

Новитет во програмата на курсот беа практичните сесии кои се одржуваа помеѓу теоретските предавања. Беа на располагање три ултразвучни апарати од марката Alpinion, овозможени преку спонзорот Алфа Медикс, и тоа ECUBE 7, ECUBE 9, ECUBE 15. Практичните сесии беа изведувани по принципот “hand-to hand“ заедно со предавачите. Расположеноста на предавачите и амбициозноста на учесниците вродија во динамична соработка за подобро добиен ехо-прозор, правилен пристаап при оптимизација на апаратите. Во посебна сесија колегите кои имаа искуство со ехокардиографија можеа да видат различни патолошки промени кои беа презентирани преку видео-клипови од странаа на предавачите.

На крајот од тридневната базична едукацијабеа претставени 5 прикази на случаи од членовите на здружението: д-р. Биљана Стефановска, д-р. Васко Хаџиев, д-р. Митра Богеска-Блажевска, д-р. Андријана Гацовски.

Поврзани написи...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *