Извештај од учество на 3-тиот ЕФИМ ден

Во  рамките на 3-тиот ЕФИМ ден ( 3rd EFIM day) кој традиционално се одржува во Брисел, во просториите на Претседателството на ЕФИМ,  присуствуваше и тричлена делегација на Здружението на интернисти на РМ во  состав:  Александар Манолев-претседател, Биљана Ивановска Бојаџиев – секретар и Кирил Шуперлиски-потпретседател. Причина за учество беше примот на Здружението на интернисти на РМ како нова членка на ЕФИМ од 2017 година.

Приемот и обостраното запознавање со  претседателството на ЕФИМ се одвиваше во исклучителна топла и пријатна атмосфера која свој вовед имаше на неофицијалната вечера одржана ден пред главниот настан на 16. 03. 2017.

3-тиот ЕФИМ ден започна со воведно обраќање на Претседателот на Европската Федерација по Интерна Медицина,  Рунолфор Палсон кој воедно го најави и новото членство на Здружението на интернисти на РМ после што следеше  10 минутна презентација на претседателот на Интернисти на РМ,  Александар Манолев. Презентацијата може да се види на страната на ЕФИМ.

http://www.efim.org/system/files/macedonian_association_of_internal_medicine_alexandar_manolev.pdf

Свое обраќање на состанокот имаа и д-р Ника Капелини поранешен претседател на ЕФИМ и Претседател на претстојниот 16 – ти Конгрес на ЕФИМ кој ќе се одржи во Милано од 31-ви август до 2 – ри септември 2017 година, која направи краток осврт кон организацијата и целите на претстојниот 16-ти ЕФИМ конгрес, Фрауке Виданз – главен координатор за групата на млади интернисти во склоп на ЕФИМ, Никола Монтано, следен претседател на ЕФИМ и претседател на работната група  Choosing Wisely,  Ријк Ган, претседател на UEMS Section of Internal Medicine итн.

Севкупниот извештај за текот на состанокот, учесниците и презентациите може да ги прочитате на официјалната страна на ЕФИМ. 

http://www.efim.org/system/files/3rd_efim_day_report_fin.pdf

Она што би издвоиле е топлиот и срдечен пречек во ЕФИМ,  организација која интерната медицина ја подразбира како место за понатамошно развивање и учество на сите нејзини членки, што се потврдува со поканата за учество на делегати од Здруженето на интернисти на РМ како ново примена членка, во склоп на работните групи (Choosing Wisely Working group и  Professional Issues and Quality of Care Working Group) и учество во изготвување на Европскиот курикулум по интерна медицина.

Искрена благодарност до г-ѓа Анета Трајковска, EFIM executive manager, за севкупниот ангажман.

Поврзани написи...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *